логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




 

 Почитувани,
Ве известуваме дека на 06.октомври во 21.00 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи T.I.M.E. [В.Р.Е.М.Е.] Современ танцов и Музички перформанс (работа во процес)

Фело (германски музичар) и 5 македонски изведувачи соработуваат од 01-06 октомври и развиваат работа во процес на темата В.Р.Е.М.Е.. Оваа работа во процес- перформанс, е соработка која ги проширува границите во кои дејствуваат уметничките дисциплини- современ танц и дигитална музика и работи на спојување на спецификите кои овие дисциплини ги содржат.
Спојувањето на различните специфичности во овој перформанс (работа во процес)  развиен во соработка помеѓу македонските изведувачи/танчери и германскиот музичар, е уметничка и инспиративна интеркултурална размена. 

Перформансот е работен на темата В.Р.Е.М.Е. и е сместен во зградата на Музејот на Град Скопје кој во себе ја содржи архивата на националното сеќавање и е симбол на минатото. Овој простор содржи разнолики врски со времето како архива и како меморијал, а современата комбинација од танц и музика ќе интервенира и презентира свое видување на темата.
Музичко- танцовата – работа во процес- перформанс е site-specific и е развиен во соработка помеѓу НВО Локомотива и НВО Контрапункт.

***
Овој перформанс е и соработка помеѓу LocoMotion and de:sonanz, и е идеја да се спојат два изведувачки фестивала во еден настан, и да го обележат отворањето на двата настана. ВРЕМЕ е уникатна соработка помеѓу два фестивала во Скопје.

Настанот е исто така дел од есенскиот културен програм „Expanded Media - Медија & уметностите“ на НВО Контрапункт.

***


T.I.M.E.  [В.Р.Е.М.Е.] Современ танцов и Музички перформанс (работа во процес)

Датум: 06. Октомври 2010
Време: 21:00
Место: Музеј на Град Скопје
Фело (Виолончело + Компјутер): Андреас Ото (Германија)
Изведувачи: Александар Георгиев, Викторија Илиоска, Александра Кочовска, Кире Миладиноски, Климент Поповски (Македонија)
Идеја и продукција: Вибке Стадлер (Контрапункт), Искра Шукарова (Локомотива), Биљана Тануровска- Ќулавковски (Локомотива)
Видео документација: Ѓорѓе Јовановиќ

***

Expanded Media
Медиумите & уметностите

Есенска културна програма на НВО Контрапункт, програмски уредена од Wiebke Stadler

Есенската сезона од културната програма на НВО Контрапункт е посветена на различните форми за соработка меѓу медиумите и уметноста. Се обидуваме да ги премостиме границите на филмот, визуелната уметност, музиката и перформансот со цел да создадеме плодна соработка со новите медиуми. Во октомври и ноември 2010 година, Контрапункт ќе биде домаќин не само на разни уметници и куратори од Германија, туку истовремено ќе се оствари соработка со локални уметници, куратори и организации во меѓународен контекст. Ваквата ситуација треба да создаде единствени услови за уметничка размена. Во еден дел програмата се состои од забавен дел, со концерти, перформанси и предавања. Образовниот дел го сочинуваат работилници кои вклучуваат млади уметници од различни дисциплини.
 
Во 70-тите години на минатиот век Џин Јангблад истакна дека новите форми на медиуми кои се во блиска релација со времето ќе создадат нова свест, но не преку самиот медиум, туку преку уметноста, која е „основна алатка за самиот развој на оваа свест“. (G. Youngblood: Expanded Cinema. NY, 1970, S.47) Според неговата претпоставка денес нашата свесност не ја зголемува само уметничката употреба на филмот и телевизијата, туку и разните медиуми. Програмата “Expanded Media” ја карактеризираат иновативните форми на уметнички израз. Пристапноста и растежот на технологиите доведоа до суштинско преосмислување на границите меѓу дисциплините. „Expanded Media” го истакнува процесот на истражување и рекомбинирање на уметностите и техниката. Интередисциплинарните аспекти и соработки се основата на целата програмска активност и работилниците.
 
Прашањето на соработката не е само важно на ниво на уметнички став, туку се одразува и на ниво на продукцијата. НВО Локомотива, Фестивалот de:sonanz, Културниот центар ЦК и НВО Line се соработници на независната културна сцена од Скопје во рамки на програмата. Оваа сцена е важен социо-културен сегмент, кој обезбедува нови модели за организирање и создавање во рамки на културата. По загубата на Културниот центар Точка, во април 2010 повеќе од кога било порано станува очигледно дека независната културна сцена нема свое место, своја адреса. Јасно му се „обраќаме“ на општеството на многу нивоа, не само во однос на културата, туку и кон „политичкото“, за да ја подигнеме јавната свест за иновативните настани и нови начини на размислување, како и за силното заедничко дејствување на културната сцена.

Настани
06.10.10 21h Современ танцов и Музички перформанс: T.I.M.E. [В.Р.Е.М.Е.]
06.10.10 21h  Диџеј сет: DJ akaak (Klingtsogut)
07.10.10 22h Концерт: Sutsche & Fello
10.10.10 22h  Концерт: презентација на работилницата „Контролери за играње како индивидуални инструменти “
12.10.10 20h Предавање: Методи на кураторската пракса: Слика во движење меѓу уметноста, киноматографијата и перформансот
09.11.10 20h Концерт: a vision's gleaming sounds. Reconstructing Mahler & презентација на работилницата „ Музика во живо за филм“
27.11.10 20h   презентација: Michelle Teran & презентација на работилницата „ Нови географии“

Работилниџи
09.-10.10.10  Контролери за играње како индивидуални инструменти
07.-09.11.10 Музика во живо за филм
23.-27.11.10  Нови географии


Поддржувачи и спонзори:
Програмата Expanded Media е поддржана од Гете Институтот, канцеларијата за врски во Скопје, фондацијата Роберт Бош, и одделот а култура, спорт и медиуми од Хамбург.

Медиумски партнери:
Okno.mk / Радио Канал 103

***

LocoMotion 3 - Простор за дијалог
Фестивал за современ танц
16.– 23. октомври 2010

06 октомври 2010, среда (пред-настан)
[В.Р.Е.М.Е.]
Музеј на град Скопје: 21:00
Современ танцов и Музички перформанс
Соработка со НВО Контрапункт

15 – 20 Октомври 
ДМБУЦ: 12:00- 17:00
move-work-talk-shop за танц и драматургија (IM) Personal Narratives

15 Октомври, (петок)
ДМБУЦ: 12:00 to 14:00
Работилница: Мод Лиардон (Швајцарија)

16 октомври (сабота)
МКЦ: 20:30
MOVE –AS / Stories of the Body 4
Концепт, режија и кореографија: Снежана Премуш (Словенија)

МКЦ: 21:30
ARNICA 9CH (my life as a dancer)
Кореографија: Мод Лиардон (Швајцарија)

20 октомври (среда)
ДМБУЦ: 17:00
Презентација: (IM) Personal Narratives

МКЦ: 20:00
Surpriced body
Кореографија: Франческо Скавета (Норвешка/Италија)

23 октомври (сабота)
MKC: 20:00
I am always watching you!
Кореографија: Викторија Илиоска (Македонија)

MKC: 20:30
“Bug`s”
Кореографија: Кире Миладиноски (Македонија)

MKC: 21:00
Store at room temperature
Автори, кореографи, изведувачи, дизајнери на сцена и костими:
Александар Георгиев (Македонија) & Игор Коруга (Србија)

Фестивалот го организира Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во партнерство со Младински културен центар Скопје и соработка со ДМБУЦ Илија Николовски Луј.
Фестивалот е реализиран во рамките на проектот Градина на Европа, како дел од активностите на Танц академија Номад.

Простори:
Младински културен центар (МКЦ), Кеј Димитар Влахов б.б, 1000 Скопје, Р. М
Државно музичко – балетски училишен центар- Илија Николовски Луј (ДМБУЦ)- Питу Гули бр. 1, 1000 Скопје, Р.М

Локомоушн 3– простор за дијалог, е поддржан од Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Прохелветиа- Швајцарски совет за уметност, Европска програма за култура 2007-2013, Шведски институт, Министерство за култура на Р.Македонија и Град Скопје.

www.myspace.com/springintgut
www.lokomotiva.org.mk
ngo-kontrapunkt.blogspot.com

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная